Фудбал
Ди Марија: Мурињо е феномен, но е луд
Фудбалерот на ПСЖ, Анхел Ди Марија реши јавно да зборува за Хорхе Сампаоли.
Во интервјуто за „Либеро“, Ди Марија признава дека играњето со Меси во ист клуб е како „јаготка на тортата“ за него, но во последниот разговор, искусното крило доста време издвои и за успешната етапа која ја имаше во Реал Мадрид, а која сепак не заврши на најдобар можен начин.
„Мурињо е феномен, но е луд, но се мене секогаш беше добар. Жозе се расправаше со сите и не го интересираше кој е наспроти него. Еднаш се скара со Роналдо и му рече дека сите други трчаат за него. Што се однесува со Кристиано, тој надвор од теренот е мниогу различен и е одличен пријател“, изјави Ди Марија.
– Кристијано, Рамос и Икер се тепаа за да не си одам од Реал Мадрид, но тешко е против малечкиот кој го води Реал Мадрид. Се случи тоа што се случи, но секогаш ќе му бидам благодарен на Реал за тоа што ми укажа шанса.
– Флорентино Перез? Малечкиот е опасен, тој е вистински феномен за бизниси. Продава играчи кои не вредат толку колку што ги продава и за нив добива големо богатство. Тој е извонреден бизнисмен, – признава Ди Марија.