Ракомет
Дибирова: „Среќна сум поради победата. До крајот на средбата успеавме да се справиме со притисокот од публиката и да освоиме два важни бода“
Вардар имаше водство во речиси целиот натпревар со ФТЦ, а домаќините само на почеток еднаш поведоа, 3-2 и потоа во второто полувреме возвратија со неколку израмнувања. Во самата завршница Вардар повторно одигра одлично, за трет триумф во дуелите со ФТЦ и петти сезонава.
Ирина Дибирова – тренер на Вардар
„Тука не е лесно да се игра, па и да се победи. ФТЦ има одличен тим, и тие го победија Ѓер во домашното првенство. Кај нас недостатсуваше Лекиќ, што не беше добро за нас, зашто моравме да играме без еден важен играч. Знаевме дека ФТЦ ќе сака да победи и дека ќе се обиде да игра на начин што и го очекувавме. Среќна сум поради победата. До крајот на средбата успеавме да се справиме со притисокот од публиката и да освоиме два важни бода. Имавме и лош период во играта, но знаевме како да се носиме со притисокот и ситацијата. Девојките одиграа добро кога требаше. Мораме да работиме на што помалку грешки во играта. Сега се фокусираме на следниот меч со Турингер