Фудбал
Диего Годин „избега“ од Милано: Се е во ред, не сум позитивен
Дефанзивецот на Интер Диего Годин го „избега“ од Милано и во моментов се наоѓа во родната земја во Уругвај. Со оглед на тоа дека првенството е сопрено на неодредено и со оглед на тоа дека Италија е најпогодена со коронавирусот, многу фудбалски ѕвезди се одлучија да „избегаат“ од оваа држава и да се вратат во нините татковини.
– Поминав превентивна карантин, сега сум во Уругвај со овластување на клубот, клупскиот доктор и здравствените власти. Тие им дозволија на странците да заминат во нивните земји и нивните домови. Одлучив да одам дома, очигледно не сум позитивен на „Ковид-19“, порача Диего Годин во видеото кое го објави на својот Инстаграм профил.