Connect with us

Фудбал

Диего Коста се разделува со Волвс

Напаѓачот на Вулверхемптон, Диего Коста ќе го напушти клубот на крајот на сезоната бидејќи Волвс нема намера да го обнови договорот со 34-годишниот фудбалер, објави Дејли Меил.

Менаџерот на „волците“, Хулен Лопетеги е импресиониран од лидерските квалитети на Коста, но не може да му гарантира стартно место. Сепак, постои опција Коста да остане во Молине доколку е задоволен од својата спорадична улога.

Ветеранот оваа сезона постигна еден гол на 20 настапи за Волвс во Премиер лигата.