Connect with us

Фудбал

Динамо повторно може добро да заработи: Ловро Мајер за 15 милиони оди во Франција!

Динамо Загреб е вистински гигант за овие простори.  Често пати овој клуб знае да продава скапо и добива суми што незамисливи за најголем дел од клубовите од овие простори. Уште еден доказ за тоа е понудата која ја добил Динамо за Ловро Мајер од 12 милиони евра.

Мајер веќе година ипол игра извонредно и е на радарот на многу клубови, а Рен во моментов е најконкретен од причина што можно е да остане без својот најголем талент Едуард Камавинга, младиот француски репрезентативец на кој ПСЖ му фрли око и сака да го ангажира за 60 милиони евра.

Таа понуда е од Рен, клуб од Лига 1. Само сега се поставува прашањето дали “модрите“ ќе го продадат својот бисер пред решавачкиот двомеч со Шериф за пласман во Лигата на Шампионите или пак ќе почекаат на нова понуда, уште поголема.

Француски Рен сака да го види Мајер во своите редови, па до Загреб ја испратил понудата.