Connect with us

Фудбал

Директорот на Болоња тврди: Ибра и Михајловиќ се во контакт, од него зависи

-Работата е едноставна, дури и околу идејата комплексна како оваа. Односот помеѓу тренерот и Ибрахимовиќ е многу силен. Постои голема човечка солидарност на Златан кон Михајловиќ. Швеѓанецот се согласил на идејата за доаѓање во Болоња да ја разгледа, изјави Рикардо Бигон, спортски директор за италијанскиот „Скај Спорт 24“.

Ова не мора ништо да значи, но Златан Ибрахимовиќ од 1 јануари 2020 година е слободен играч и може да потпише за кој тим сака. Тука се и екипите на Милан, Наполи, па и Фиорентина, но сепак пред неколку часа излезе информација дека Ибрахимовиќ преку својот менаџер порачал дека сака 1 милион евра месечно, или 6 милиони евра за шест месеци. Па, кој може да плати, нека повели.

Дали тоа може да си го дозволи Болоња, не сме сигурни.