Connect with us

Кошарка

Доби тажна вест: Богдановиќ не беше на прославата со тимот

Кошаркарската репрезентација на Србија синоќа беше срдечно пречекана пред градското собрание на Белград, каде што голем број луѓе се собраа да ги поздрават сребрените од претходното Светско првенство во Манила.

По пречекот следеше прослава во клуб, но Богдан Богдановиќ го немаше.

Капитенот на Србија ја доби тажната вест дека неговиот вујко починал, па не му било до гласна музика и славје, но разбирливо решил да биде со семејството во тој тежок момент.

На прославата беа забележани и некои кошаркари кои не настапија за репрезентацијата на овој Мундобаскет, како Никола Јокиќ, Васа Мициќ и Немања Недовиќ.

Со нив беше и најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Advertisement