Connect with us

Ракомет

Добри вести, голманот Митревски тргна за Унгарија, ако добие негативен тест ќе игра против Црна Гора

Реални се шансите Македонија да биде засилена за Никола Митревски за натпреварот против Црна Гора, потребен му е само уште еден негативен тест.

Митревски беше еден од играчите кои отпаднаа поради позитивен тест на ковид-19. Тој остана во Скопје но во меѓувреме направи неколку анигенски тестови и еден ПЦР кои покажаа дека е негативен.

Тој е на пад кон Дебрецин и попладнево треба да се тестира во хотелот. Доколку тестот биде негативен, тој ќе може да брани против Црна Гора.

Мечот се игра на 15-ти јануари со почеток во 18:00 часот.

 

Реклама

Facebook

Реклама