Connect with us

Ракомет

Добри вести за Македонија, сите тестови негативни, вечера со сите сили против Словенија

Македонската ракометна репрезентација вечерва го игра првиот меч на ЕП 2022. Противник е Словенија, а според информациите од Унгарија, тестовите кои биле направени вчера на сите ракометари и стручниот штаб кои се таму, се негативни. Ова значи дека Кире Лазаров ќе ги има сите ракометари на располагање кои отпатуваа на ЕП.

Мечот почнува во 18:00 часот.