Connect with us

Фудбал

Додека Ибра размислува, Јунајтед се откажа?

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ, уште нема одлучено во кој клуб ќе ја продолжи кариерата, но главни фаворити за неговиот потпис се клубови за кој играше во минатото.

Ибрахимовиќ со клубот Лос Анџелес Галакси има договор до крајот на декември. Популарниот Ибра најпрвин го преселија во Болоња, се спомнуваа и други клубови од Италија, потоа се појави информација дека се договорил со Милан.

Иако се појави вест дека Манчестер Јунајтед е неговата следната дестинација, најновите информации велат дека „Црвените ѓаволи“ се откажале од оваа идеја.