Фудбал
Додека Милан чекаат голови од Калиниќ и Силва, Имобиле има постигнато исто голови колку цела екипа на Милан
Играчот на Лацио, Чиро Имобиле, има постигнато 13 гола на 9 натпревари и има три асистенции и е убедливо најдобар стрелец во Серија А.
Ова лето Милан се покажаа како фаворити, но, трансферите што ги направија се очигледно слаби и не покажаа квалитет. Додека чекаат голови од Калиниќ и Андре Силва, кој се најновите засилувања кој што треба да го водат тимот во нападот, Имобиле го носи Лацио високо во Серија А и лига европа.
Навивачите на Милан очекуваа многу повеќе од резултатите и статистиката што ја имаат моментално Милан. Последните 4 натпревари во Серија А, Милан има псотигнато само 2 гола и тоа на градското дерби против Интер кој го загубија со 3:2, и имаат само 1 бод и тоа последниот натпревар со Џенова.
Милан е на 11та позиција на табелата и е далку понеефикасен во споредба со другите тимови во Серија А и со квалитетите што ги нудија на почетокот од сезоната.