Connect with us

Тајмаут

Додека неговите соиграчи ја славеа титулата, Нејмар играше покер – на клубот му кажа дека е повреден

Додека неговите соиграчи ја обезбедија титулата со ремито на гостувањето кај Стразбур, а подоцна ја славеа, Нејмар имаше попаметна работа. Бразилската суперѕвезда остана во Париз затоа што е „претешко повреден за да отпатува во Стразбур“, изјави тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, а времето го помина играјќи покер.

За тоа отпатува во Монако каде ја следеше трката во Формула 1. Навивачите на ПСЖ се бесни бидејќи на социјалните мрежи виделе фотографии од Нејмар во двете изданија. Многумина од нив сметаат дека покажал големо непочитување кон нивниот клуб.

Дека приказната за неспособноста на Нејмар да патува не држи вода докажува и фактот што растојанието од Париз до Стразбур е 400 километри, а Монако е оддалечен дури 670 километри од главниот град на Франција.