Тајмаут
Додека останатите играчи на Јуве напорно тренираат, Роналдо ги забавува Кинезите
Кристијано Роналдо моментално е во Кина и таму му покажува малку од својата вештина на Kinezite, додека неговите соиграчи од Јувентус тренираат во Њу Џерси
Португалец неодамна потпиша за Јувентус, но одлета во Азија за да го промовира неговиот бренд „CR7“.
Роналдо беше забележан како ужива во друштво на младината на Пекинг, додека неговите соиграчи работат по вообичаениот план во САД.
Фановите во Кина беа одушевени од Роналдо, кој ќе го пропушти дуелот против Реал Мадрид затоа што ја пропушта американската турнеја.
Јувентус денеска, односно еден час после полноќ, игра против Баерн, а во сабота против Бенфика, а потоа следи дуелот со Реал Мадрид. Роналдо, кој беше тестиран и беше утврдено дека има тело како на 20-годишен фудбалер, паузира поради светското првенство, но тука се и маркетиншките обврски.