Connect with us

Ракомет

Дојде како големо засилување во Вардар, а сега доби ултиматум да си најде нов клуб

Левиот бек Грегор Оцбирк добил ултиматум, што поскоро да си најде нов клуб. Доколку не го стори тоа ќе биде суспендиран – пишуваат словенечки медиуми

Младата словенечка ракометна ѕвезда Грегор Оцвирк ја предводеше својата земја до златен медал на младинскиот европски шампионат, а кога потпиша договор со Вардар се чинеше како одличен потег и за ракометарот, но и за „црвено-црните“, кои требаше да добијат исклучително квалитетен и перспективен играч.  Но, неколку месеци подоцна, се чини дека сонот се претвори во кошмар за младиот играч, кој не е дел од плановите на тренерот на „црвено – црните“ Роберто Гарсија Парондо.

Според пишувањето на словенечките медиуми, ракометарот имал состанок со спортскиот директорот Кокшаров, кој му кажал дека брзо треба да си најде нов клуб.

-Грегор доби ултиматум, што поскоро да си најде нов клуб. Доколку не го стори тоа ќе биде суспендиран – пишуваат словенечки медиуми

Ракометарот пак за „Дело“  ја прокоментира оваа ситуација „Имав проблеми, но сега се е во ред. Сакам да ја завршам сезоната тука, не демантирајќи ги гласините дека неговиот агент интензивно бара нов клуб.

Како можна опција се споменува Железничар Ниш, каде тренер е актуелниот селектор на Словенија, Веселин Вујовиќ, кој би имал можност подобро да го запознае, откако младиот ракометар дебитираше за сениорскиот тим против Латвија во квалигикациите за ЕП 2020, но не се запиша во листата на стрелците.