Ракомет
Дојде време за разделба, Манасков заминува
По пет сезони Дејан Манасков и Веспрем ќе се разделат. Ова го објави унгарскиот клуб на својата интернет страница. Манасков во 2017-та од Рајн Некар Левен пристигна во Веспрем. За овој клуб одиграл 156 натпревари и има 536 постигнати голови. Во сезоната 2017/2018 година, тој беше прогласен за играч на годината од навивачите на Веспрем. Во својата кариера уште играл за Вардар, Вецлар и Металург.