Connect with us

Кошарка

Доминација на гостите, драма за Лејкерси!

Неочекуваниот херој на трилерот во Милвоки, Остин Ривс.

Кошаркарот на Лејкерс го направи првиот трипл-дабл во кариерата, 29 поени, 14 скока и 10 асистенции и приреди изненадување во Висконсин. Милвоки излезе со празни раце против Лејкерс. И Лејкерси, без Леброн. Гостите се вратија од загубена позиција, стигнаа до продолженија и на крајот победија. Страшна партија на Дејвис, центарот на гостите имаше 34 поени и 23 скока, одигра 52 минути иако имаше проблем со коленото. По две продолженија се радуваа Лејкерси, ќе бидат исцрпени вечерва во Мемфис. Кај Бакс, деветтиот трипл-дабл на Џенис во сезоната, 29 поени, 21 скок и 11 асистенции. Интересно е тоа што Лејкерси го збришаа Милвоки оваа сезона, и двата пати Леброн не играше.

Вориорси се радуваа во Мајами, Томпсон постигна 28 поени, Куминга 18, Кари 17. Гостите имаа дури 30 тимски асистенции, водеа со преку 20 поени во последната четвртина, а работата им ја олесни отсуството на Батлер поради заболување. Отсуствуваа и Хиро, Кевин Лав и Данкан Робинсон. Јовиќ постигна 11 поени, шест скока и четири асистенции.

Олахома се коцкаше во Луизијана, им дозволи на Пеликанс да се вратат во игра од негатива од дваесет поени, но на крајот победата дојде од југот. Џејлен Вилијамс постигна четири поени во последните триесет секунди, Тандер го совлада Њу Орлеанс со серија од 12:0 во последните неколку минути. Вилијамс постигна 26 поени, Гилгес-Александар 24 кај гостите, Сион 29 поени и 10 асистенции кај Њу Орлеанс.

Страшното полувреме на Лука Дончиќ, а првото, постигна 26 од 28 поени во првото полувреме, Маверикс ги уништија кралевите во Калифорнија. Не беше голема разлика во првиот дел, плус пет поени, но се засили во вториот дел. Погодија над 55%, погодија 22 тројки од 39 обиди, статистиката кажува се. Кога Сакраменто нема да постигне 100 поени, го губи натпреварот.Сабонис имаше 12 поени, 11 скока и девет асистенции. Ова е 55-ти дабл-дабл по ред за Литванецот. Тој го израмни рекордот на франшизата што го држеше Џери Лукас. Само, тогаш Кралевите беа Синсинати Ројалс од раните седумдесетти.

Резултатите:

Мајами – Голден Стејт 92:113
Милвоки – ЛА Лејкерс 124:128 пр.
Њу Орлеанс – Оклахома 112:119
Сакраменто – Далас 96:132

Advertisement