Фудбал
Доминација на Шкендија на домашен терен против ФК Скопје
Убедлива победа на лидерот Шкендија на дуелот против екипата на Скопје со резултат 4:0, а Ферхан Хасани беше стрелец на три погодоци додека Егзон Бејтуали еднаш се запиша во листата на стрелците.
Работнички успеа да освои бод на гостувањето во Струмица откако во четвртата минута од судиското продолжение Сержињо успеа да ја затресе мрежата на противникот. Претходно водство на Академија Пандев и донесе Зоран Балдовалиев.
Силекс како гостин ја совлада Победа со 2:0 додека Шкупи триумфираше над Ренова со 4:1.