Кошарка
Дончиќ блескаше против Кливленд: Сакав да докажам дека местото ми е на Ол-старот (ВИДЕО)
Лука Дончиќ имаше уште една фантастична партија против Кливленд. Тој со 35 поени го предводеше Далас до победа од 111-98 против Кливленд.
Словенецот придодаде уште и 11 скока и шест асистенции. Тој стана само шестиот кошаркар во НБА-лигата од 2000 година, кој постигнал 1.000 поени пред да наполни 20 години. Ова претходно им појде од рака на Леброн Џејмс, Кевин Дурент, Кармело Ентони, Девин Букер и Двајт Хауард.
Новинарите во САД, често го споредуваат со Леброн Џејмс, а Дончиќ вели дека тие коментари само го мотивираат да работи уште понапорно.
„Се обидувам да играм како него. Тие споредби за мене се неверојатни и дополнително ме мотивираат“, изјави Словенецот.
Овој натпревар беше прв откако Дончиќ дозна дека нема да игра на Ол-стар натпреварот иако доби огромен број на гласови од навивачите.
„Се трудев на секој натпревар да докажам дека местото ми е на Ол-старот. За жал не ме избраа, па сега ќе морам да работам напорно за да се осигурам дека ќе бидам таму следната година“, додаде Дончиќ.
Извор: Sport1.mk