Кошарка
Дончиќ е незапирлив, нов „трипл-дабл“
Лука Дончиќ одигра одличен натпревар, со трипл-дабл даде голем придонес во победата на Далас Маверикс над Чикаго Булс во НБА.
Домаќините славеа со 118-110. Дончиќ беше брилијантен и постигна нов трипл-дабл, 38 поени, од кои 21 поен во третата четвртина, додаде 10 асистенции и 12 скокови, а ова беше неговиот 12. „трипл-дабл“ за оваа сезона.
Кај домаќините Двајт Пауел исто така беше одличен, со 16 поени, имаше 100 отсто учинот во шутот од игра (6/6 за 2 поени и 4/4 од пенал).
Кај гостинската екипа најефикасни беа Лаури Марканен со 26 поени, Зак Лавин со 20, и Томаш Сатарански со 14.
https://youtu.be/wR7BtJaOpdw
Останати резултати од НБА:
Шарлот – Индијана 104: 115
Орландо – Бруклин 101: 89
Филаделфија – Оклахома Сити 120: 113
Вашингтон – Бостон 99:94
Атланта – Денвер 115: 123
Њу Орлеанс – Јута 126: 128
Далас – Чикаго 118: 110
Сан Антонио – Милвоки 126: 104
Сакраменто – Голден Стејт 111: 98.