Connect with us

Кошарка

Дончиќ продолжува да пишува историја во НБА

Деветнаесет-годишниот Лука Дончиќ продолжува со своите добри перформанси во дебитантската сезона во НБА.

Дончиќ заврши со 35 поени, 11 скока и 6 асистенции во победата на Далас над Кливленд во натпревар од регуларната сезона.

Со својот прв кош против Кливленд, словенечкиот кошаркар стана вториот играч во историјата на НБА со 1.000 поени, 340 скокови и 260 асистенции во 50 натпревари.

Бекот е шестиот играч по 2000-та година, кој постигнал 1.000 поени пред да наполни 20 години. Тој е и едвај четвртиот тинејџер со седум натпревари со по 30 и повеќе поени, приклучувајќи се во друштво на Леброн Џејмс, Кармело Ентони и Кевин Дурант.

– Сите знаат дека Леброн ми е идол, па да ме споредуваат со него е неверојатно, прокоментира по поводот Лука Дончиќ.

Реклама
Реклама

Повеќе од Кошарка

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com