Кошарка
Дончиќ прогласен за најдобар спортист на Словенија
Тинејџерската сензација на НБА, Лука Дончиќ може да се пофали со ново престижно признание.
Деветнаесет годишниот кошаркар на Далас Маверикс беше избран за најдобар спортист на Словенија за 2018 година, откако стана јасно дека го освоил овогодинешното гласање меѓу спортските новинари во својата родна земја.
Поранешниот кошаркар на Реал Мадрид ја грабна индивидуалната награда по неверојатна година – освои двојна титула со екипата на „белите“, триумфирајќи во Шпанија и Евролигата, а освен тоа беше избран за MВП на сезоната во Европа, за MВП на „финалната четворка“, како и за МВП на Шпанскиот шампионат.
Последователно, европскиот шампион од 2017 година со Словенија беше избран под бр.3 на драфтот на НБА и до моментов се претставува прекрасно во дебитантската сезона во САД.