Connect with us

Кошарка

Дончиќ со Далас ќе одигра два натпревари против Минесота во Абу Даби

Втора година по ред НБА ќе патува во Абу Даби (Обединети Арапски Емирати) на два претсезонски натпревари. Годинава Минесота и Далас ќе се сретнат во ОАЕ на 5 и 7 октомври.

Како Милвоки и Атланта минатата година, Минесота и Далас ќе патуваат како дел од претсезонските натпревари.

НБА и официјално соопшти дека овие две селекции ќе ја продолжат соработката со челниците на ОАЕ, кои исто така се заинтересирани во иднина да се играат уште натпревари во нивните градови.