Кошарка
Дончиќ танцува на паркетот: 34 поени и трипл-дабл (ВИДЕО)
На крилата на Лука Дончиќ, Далас Маверикс во ноќта зад нас го победија Њу Орлеанс Пеликанс со 127:117.
Далас полека, но сигурно се доближува до место меѓу најдобрите четири екипи на Западот, што носи предност на домашниот терен во плеј-офот.
Какво „лудило“ владее во НБА лигата, доволно е да се каже дека ги надиграа Пеликанс, нанесувајќи им го четвртиот пораз во пет меча, а до неодамна беа први на конференцијата.
Лука Дончиќ повторно беше херој на Маверикс, а сега постигна 34 поени со 10 скока и 10 асистенции, но и 7 загубени топки.
Ова беше деветти трипл-дабл сезонава за словенечкиот претставник.
НБА, резултати
Сан Антонио – Бостон 116:121
Чикаго – Јута 126:118
Далас – Њу Орлеанс 127:117
Голден Стејт – Орландо 101:115
Сакраменто – ЛА Лејкерс 134:136