Connect with us

Фудбал

Дожд од голови на „Олд Трафорд“ Англија премоќна за Македонија (ВИДЕО)

Нашиот најсилен национален тим го претрпе најголемиот пораз во историјата и седум пати ја вадеше топката од својата мрежа, од кои три гола пристигнаа во најлош можен момент.

Оние игри против Германија и Италија, па и пласманот на Европското првенство сега изгледаат како далечно минато, бидејќи македонската фудбалска репрезентација вечерва делуваше на аматерски тим.

Напаѓачот на Арсенал, Букајо Сака, постигна хет-трик за само 13 минути, двоен стрелец беше Хари Кејн, а Рашфорд и Филипс по еднаш го совладаа Димитриевски.

Три дена по поразот од Украина во Скопје, Македонија беше целосно инфериорна на натпреварот во Манчестер и ниеднаш не се закани по голот на домаќините.

Сега се очекува да се огласи селекторот Благоја Милевски, кој треба да одлучи дали ќе даде оставка по овој катастрофален пораз.