Connect with us

Кошарка

Драма во Гевгелија, на крајот Македонија перфектна, Американецот Ти Џеј Шортс ја растури Данска

Кошаркарската селекција на Македонија ја совлада Данска во четвртото коло од претквалификациите за Евробаскетот со 74:71 по продолженија. Македонија има перфектен учинок, четири победи од четири меча и прво место во групата со осум бодови, пред Норвешка и Словачка кои имаат по 6 и Данска која е на последното место со 4 бодови.

Најзаслужен за победата е Американецот, Ти Џеј Шортс кој пред дуелите со Норвешка и Данска доби македонски пасош и се чини дека тоа беше одличен потег. Тој на вечерашниот меч постигна 33 поени и беше најефикасен играч на мечот.

Овој меч имаше продолженија откако селекцијата на Данска буквално во последните секунди од мечот не реализираше напад за победа. Во продолженијата Македонија имаше скор од 10:7, а сите 10 поени во продолжувањата ги постигна токму Ти Џеј Шортс. Вкупниот негов учинок беше 33 поени, 3 скокови и шест асистенции што го прави играч на мечот. Втор најефикасен во нашиот табор беше Ѓуровски со 11 поени и 6 скокови, Војдан Стојановски имаше учинок од 10 поени, 5 скокови и 2 асистенции, па следува Магдевски со 9 поени и еден скок. Во противничкиот табор се истакна Дарбо со дабл-дабл од 21 поен и 10 асистенции, а запиша и 7 скокови.

Следните два меча се на програмата во февруари, на 23-ти со Словачка, а три дена подоцна со Норвешка.

Facebook

Реклама