Фудбал
Дресот на Нигерија најпопуларен пред Светскиот шампионат
Светскиот шампионат во Русија започнува на 14-сети следниот месец, со што полека започнува загревањето за Мундијалот.
Една од основните работи за љубителите на фудбалот пред стартот на истото е обезбедување на дрес од сопствениот или омилениот национален тим, а пред овој светски шампионат интересен е изборот за најбараниот дрес.
Станува збор за оној на Нигериската репрезентација чии истакнати бои го провлекоа вниманието на најмногу љубители на фудбалот и според производителот Најк веќе три милиони чекаат негова испорака.