Connect with us

Ракомет

Државниот врв со честитки за ракометната репрезентација

Државниот врв упати честитки до ракометарите кои на Светското превенство во Египет успеа да обезбеди место во главната групна фаза.

„Македонските ракометари продолжуваат во следната фаза од Светското ракометно првенство, по победата врз селекцијата на Чиле. Ова е победа освоена со професионалност и истрајност. Честитки момци, ви посакуваме и понатаму да редите успеси и да нѐ правите уште погорди“, напиша премиерот Заев. „Ги бодревме нашите ракометари и на денешниот дуел против Чиле. Одиграа храбро, респектирајќи го противникот. Честитки момци за одличната игра, одиме во втора рунда, навиваме за вас!“, напиша претседателот Стево Пендаровски.

Честиташе и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Македонија се бодри и кога победува и кога губи! Честитки на ракометарите за пласманот во следната фаза. Посакуваме нови победи, а пред сѐ добро здравје!“, напиша Мицкоски на Фејсбук.