Connect with us

Кошарка

Дурант може да пропушти до 10 месеци поради повредата

Кошаркарот на Голден стејт, Кевин Дурант може да го пропушти поголемиот дел од следната сезона поради повредата здобиена во петтиот натпревар од финалната серија на НБА плејофот со Торонто.

Триесет годишниот Американец го напушти тимот и замина за Њујорк, каде што треба да направи детални лекарски прегледи, објави „ЕСПН“.

Резултатите за видот и сериозната на повредата се очекуваат да бидат објавени во текот на денешниот ден.

Според прелиминарните информации, Дурант има скината Ахилова тетива. Закрепнувањето од ваква повреда трае 7-10 месеци.