Connect with us

Кошарка

Дурант по брејкот против Хјустон: Можеме да играме подобро

Крилото на Голден Стејт, Кевин Дурант кој синоќа постигна 37 поени во победата на „воините“ над Хјустон Рокетс со 119:106, изјави дека „ракетите“ не ја виделе целосната моќ на актуелниот шампион на НБА.
 
– Не знам дали сме најдобри во сезоната, но мислам дека можеме да играме подобро. Играме против тимот кој е број 1 и сакаме да ја искористиме оваа шанса. Јас само се обидов да бидам агресивен и жал ми е што направив некои грешки, изјави крилото.
 
Тренерот на „воините“ Стив Кер, изјави дека тоа што го имаат Кевин Дурант во тимот е луксуз и тој ја прави разликата на теренот.
 
– Не знам како може да биде запрен, бидејќи може да направи било каков шут, како што тој ќе сака, рече Кер.
 
Истовремено, во тимот на „ракетите“ се обидоа да го задржат мирот. 
 
– Да, Дурант беше многу добар, што можеше да се очекува. Ние сепак направивме многу пропусти, грешки, а и дозволивме Клеј Томпсон да нѐ уништи од тројка. Треба да ги подобриме работите, истакна Џејмс Харден, кој постигна 41 поени за Хјустон, од кои 25 по ситуации еден на еден, но играта на тимот од Тексас беше премногу бавна и предвидлива.
 
– За нас не е важно кој имал лош натпревар. Сите сме заедно во ова и едноставно треба да продолжиме да играме на свој начин, да шутираме, да напаѓаме и да сме агресивни, додаде бекот.