Кошарка
Дурант: Се уште не е завршено, мораме да ги поправиме грешките во четвртиот натпревар
Кошаркарот на Голден Стејт, Кевин Дурант беше многу скромен по победата над Кливленд со 110:102.
Иако тој беше најдобриот поединец на натпреварот, сепак Дурант голем дел до заслугата му припиша на неговиот колега Стеф Кери, кој постигна тројка по десет неуспешни обиди и на тој, според зборовите на Дурант, ја „крена“ екипата.
Покрај тоа, тој вели дека оваа серија се уште не е завршена и дека тој и неговите соиграчи мора да направат нов план за четвртиот натпревар.
„Почувствував дека тројката на Стеф беше поважно од мене, бидејќи тој имаше многу промашувања пред тоа. Но, повторно имаше самодоверба и го бараше тој шут. Тројката ни даде добра динамика, затоа што што не бевме во ритам“, рече Дурант.
„Не сум завршил со играње кошарка, па не можам да кажам дека ова е мојот најважен натпревар. Ова не е крајот на патот. Утре треба да тренираме и да направиме подобар план за четвртиот натпревар, за да поправиме некои грешки. Ова се уште не е завршено“.