Connect with us

Ракомет

Душебаев во Киелце до 2022 година

Шпанскиот ракометен репрезентативец Алекс Душебаев реши да ја продолжи верноста со полскиот тим Киелце и да потпише нов долгогодишен договор.

Актуелниот договор на десниот бек и полскиот тим завршуваше во 2020 година, но двете страни се договорија да го продолжат на уште две години. Така, според новиот договор, Душебаев ќе игра за Киелце до 2022 година.

Душебаев, кој се афирмира во светскиот ракомет во Македонија, во Киелце пристигна од Вардар пред две сезони.