Ракомет
Дувњак и Палмарсон побараа откажување на СП во Египет 2021
Дувњак и Палмарсон побараа откажување на СП во Египет 2021.
„Мислам дека е премногу опасно“, одговори Дувњак дали треба да се одржи Мундијалот во Египет.
Тие додаваат дека најдобро ќе биде на почетокот од 2021 година да нема елитно натпреварување на програмата.
„Кратко и јасно, треба да се откаже. Не разбирам зошто мораме да патуваме и да играме во јануари, кога сезоните и без тоа се со згуснат распоред, со толку голем број на одложени средби. Згора на тоа, 2021 ќе биде одлимписка година, па премногу е ризично за сите. Секако дека би сакале да играме на големите натпреварувања, но во ситуација кога гледаме што се случува низ светот… тоа не е изводливо“, истакна Палмарсон.
Светското првенство во Египет на стартот од новата година ќе мине без Македонија. Нашиот национален тим не успеа да обезбеди место на светскиот собир и ќе направи пауза, по четири учества во низа.