Connect with us

Фудбал

Два гола, пенал, поништен гол на Роналдо, вистинско „Дерби на Италија“

По првите 45 минути резултатот е 1:1 на „Дерби на Италија“. Јувентус прв поведе со 1:0 со голот на Дибала по само четири минити игра. Сепак, на спротивната страна брзо стигна израмнувањето, откао Де Лихт играше со рака во сопствениот шеснаесетник, па судијата Роки покажа на белата точка. Лутаро Мартинез во 18.минута беше успешен реализатор за 1:1.

Во 42 минута Роналдо ја затресе мрежата на Интер, но по реакцијата од ВАР собата погодокот е опрацдано поништен, бидејќи претходно по пасот и повратната топка, Дибала беше во офсајт.

Вреди да се напомене дека на средината на првиот дел Роналдо ја погоди пречката од голот на Хандановиќ.

Вистинско дерби, и одлични 45 минути.