Ракомет
Дваесет екипи на Меѓународниот ракометен турнир „Илинден“
Околу 400 ракометари од 20 екипи се пријавени за настап на Меѓународниот турнир „Илинден“.
Турнирот ќе се одржи од утре (21 декември) до недела (23 декември) во спортската сала “Гоце Делчев“, во организација на ракометниот клуб „Илинден“, со поддршка истоимената општина.
Тринаесет екипи ќе се натпреваруваат во генерацијата 2002/2003, седум во генерацијата 2006/2007.
Свеченото отворање на турнирот, чиј покровител е градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, e закажано за утре со почеток во 15:40 часот.