Тајмаут
Две години затвор и огромна парична казна за Роналдо поради затајување на данок
Најдобриот фудбалер на светот ги заврши правните проблеми со Шпанија каде беше обвинет за затајување на данок.
Португалецот одлучи да ја прифати спогодбата и ја прифати затворската казна ов две години, па на Шпанија ќе мора да му исплати 13.5 милиони евра за данокот.
Сепак, поради шпанските закони, затворската казна на Роналдо од две години може да биде преиначена во условна и Роналдо нема да оди зад решетки.
Исто така, покрај 13,5 милиони евра казна, Роналдо прифати да ги плати и дополнителните административни трошоци и на крајто вкупната сума изнесува 19 милиони евра.
Роналдо беше обвинет за затајување на данок во период од 2011. до 2014. година од продажбата на правата на ликот и делото, а наводно вкупно затаил 14 милиони евра.
Истрагата и судењето долго траеа, а пред него во ист проблем се најдоа и Лионел Мси, Алексис Санчез, Лука Модриќ, Нејмар…
Роналдо очигледно сакал сето ова што поскоро да заврши за мирно да моше да се пресели во Торино.