Двојник на Меси е обвинет дека прелажал 23 жени кои спиеле со него мислејќи дека е славниот фудбалер

Иранецот Реза Парастеш, популарен како „иранскиот Меси“, е обвинет дека својата неверојатна сличност со Лионел Меси ја искористил да легне со 23 жени кои сега го тужат за измама.

Неколку светски медиуми, межу кои и шпанска „Марка“ објавија вест како Реза Парастеш го користи својот изглед за лажно да се претставува дека е Лионел Меси, на тој начин искористил 23 жени.

Како веста се ширеше, 26-годишниот Иранец брзо ги негираше информациите со тврдење дека е невин.

„Вестите се шират во муслиманските земји и тоа е катастрофа. Бев многу вознемирен бидејќи целиот свет ме навреди мене. Моите родители исто така се вознемирени“, изјави Парастеш.

Тој својата сличност на Меси ја искористи за да стане популарен во светот, но на крајот може скапо да го чини.

Извор: МКД.мк