Connect with us

Ракомет

Е.Работник во група со Хановер, Татабања и Нексе

Во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена беа извлечени групите на ЕХФ Купот, натпреварување во кое нашата земја ја претставува Еурофарм Работник. Битолчани ќе бидат дел од групата Б заедно со бундеслигашот Хановер, унгарска Татабања и Нексе Нашице од Хрватска.

 

А група: Фуксе Берлин, Натурхаус Ла Риоха, Сант Рафаел, Балатонфуреди

Б група: Хановер, Татабања, Еурофарм Работник, Нексе Нашице

Ц група: Порто, Холстебро, Куенка, Доброгеа Суд Констанца

Д група: Грањолерс, Азови Пулави, Кил, ГОГ Гудме

Се очекува ЕХФ во скоро време да го објави календарот на натпревари. Натпреварувањето започнува на 9 февруари, а само најдобрите од секоја група ќе се најде на завршниот турнир. Титулата ќе се добие на Ф4 во Магдебург на 19 и 20 мај 2019 година.