Тајмаут
„EA Sports“ го додаде Болт на ФИФА 19 и го остави без текст
Легендарниот атлетичар Усаин Болт успеа да го исполни својот сон, да стане професионален фудбалер, бидејќи лидерите на Централ Коуст Маринерс беа воодушевени од неговите игри и му понудија професионален договор.
Болт неодамна во победа на својот тим против Макартур Саут Вест (4:1) постигна два гола и ги “купи” лидерите на клубот. Неговиот агент вчера потврди дека Болт добил понуда да го потпише првиот професионален договор и дека тоа ќе се случи многу брзо.
„EA Sports“ денеска донесе уште една одлична вест за Јамајканецот, кој ќе биде додадени во новата ФИФА 19. На следното ажурирање за сите кои имаат ФИФА 19 ќе може да играа со Болт, а тој ќе биде играч кој ќе има најголема оцена за брзина.
Во моментов на ФИФА 19 најбрз е фудбалерот на Вулверхемптон Адам Траоре кој има оцена од 96, а на второто место е Килијан Мбапе кој има оцена од 95. Се уште не е познато која оценка ќе ја има Болт.