Тајмаут
Еден Азар, наводно, фатен како ја изневерува сопругата, објавено е видео со непозната девојка
Еден Азар се најде во центарот на вниманието на јавноста откако беше објавено видео на кое ужива во друштво на непозната девојка.
Шпанските медиуми утринава објавија дека Азар е во центарот на скандал по видео од дискотека што е направена за време на репрезентативната пауза.
На Твитер беше објавено видео на кое се гледа како Азар се забавува со непозната девојка, а шпанските таблоиди дури објавија дека тој вечерта бил осомничен дека ја изневерил сопругата.
Азар бил во дискотеката до раните утрински часови и уживал во друштво на непозната девојка, но очигледно немал поим дека на крајот се ќе биде јавно објавено.
Видеото прво беше објавено на TikTok и брзо стана топ тема на социјалните мрежи бидејќи многумина се обидоа да го откријат идентитетот на девојката со која Азар ја помина ноќта.
За сето ова утринава пишуваа и медиумите во Белгија кои објавија дека Азар и неговата сопруга не се огласиле на оваа тема.
Азар не е единствениот фудбалер кој премногу се опушти за време на репрезентативните настапи, бидејќи словенечкиот репрезентативец Бенјамин Вербич, кој беше обвинет за измама од сопругата, се најде во центарот на уште еден скандал.
“Проклетници, срам да ви е. Забавите за време на паузата на репрезентацијата е нормално, но само ако сте опкружени со нормални луѓе. Навистина не разбирам како можете да бидете толку глупави”, напиша Алвина заедно со неколку фотографии и видео.
Таа објави видеа и фотографии од нејзиниот сопруг со друга жена и го обвини дека изневерува, но тој сето тоа го демантираше.
„Фотографиите и видеото што ги објави мојот поранешен партнер и мајката на моето дете се многу стари. Се што напишала е чиста лага“, изјави Вербич.