Кошарка
Една добра четвртина им беше доволна на кошаркарите на МЗТ да го совладаат Куманово

Во последниот натпревар од 8.коло во македонскиот кошаркарски шампионат, МЗТ Скопје Аеродром го победи Куманово со 76:70. Како клучна за конечниот резултат се покажа разликата од 11 поени што домаќините ја создадоа во последните десет минути (21:10).
Резултати на натпреварите одиграни вчера:
Шкупи – АВ Охрид 90:101
Вардар – Гостивар 80:82
Блокотехна – Работнички 75:61
Фени Индустри – Кожув 82:63.
Табела: Блокотехна 15 бода, МЗТ Скопје 14, Работнички 13, Фени Индустри 13, Гостивар 12, Куманово 11, Кожув 10, Вардар 9, Пелистер 8, Охрид 8, Шкупи 6.