Connect with us

Кошарка

Една победа и два порази за репрезентативците до 15 години

Репрезентативците до 15 години кои се дел од проектот за развој на млади и талентирани кошаркари поддржан од ФИБА насловен „Заедно до U16“ од турнирот во Софија се враќаат со една победа и два пораза.

Избраниците на Александар Јованчев го отворија турнирот со пораз од селекцијата на Романија со 72-64 односно 22-18, 21-15, 14-21 и 15-10 по делници.

Вториот противник на овој турнир за нашата репрезентација беше домаќинот Бугарија. На бугарските репрезентативци им беа потребни пет минути дополнителна игра за да го скршат отпорот на нашите млади кошаркари. Во финишот, Бугарија славеше со 84-81.

Последниот натпревар на овој турнир, нашите репрезентативци го одиграа против Косово. Нашите кошаркари доминираа на овој натпревар кој го добија со 56-72.