Кошарка
Ефес го симна Фенербахче од тронот и по 10 години ја освои титулата
Анадолу Ефес во седмиот меч од финалето на турскиот шампионат на домашен паркет го победија големиот ривал Фенербахче со 89-74 и со вкупен резултат 4-3 во серијата ја освоија титулата.
Фенербахче имаше многу повреди во финишот од сезоната, па ослабен играше против Ефес и немаше доволно сила за да остане на тронот.
Ефес се искачи на тронот на турскиот шампионат по десет години, откако претходно ја освоија титулата во далечната 2009 година, а ова воедно е нивни 14. трофеј во историјата во домашниот шампионат.
Во денешниот меч најдобар беше Шејн Ларкин, кој постигна 38 поени, а одличен беше и Василие Мичиќ со 20 поени.
Извор: Sport1.mk