Connect with us

Ракомет

ЕХФ дебело ги казни Киелце и Вардар

Македонскиот ракометен шампион Вардар и полскиот Киелце си ги добија новогодишните подароци од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ), казните за неспортското оснесување за време на нивниот меѓусебен натпревар во Лигата на шампионите.

Спортскиот суд на ЕХФ донесе одлука Киелце да плати казна од 5.000 евра поради неспортско однесување на играчите и официјалните лица за време на средбата, а исто така тимот доби и додатна казна од 2.500 евра поради лошо обезбедување. Казна од 7.500 евра ќе се плаќа и за недоличен и навредлив банер, со идеолошка порака, истакнат од страна на навивачите.

Вардар, пак мина со казна од 6.000 евра, поради неспортско однесување на играчите и стручниот штаб, а истовремено се зема предвид и дека ракометар кој бил суспендиран, ги напуштил трибините и се обидел да влезе на терен за време на меѓусебно кошкање на двете екипи.

Од ЕХФ информираат дека двата клуба може да поднесат жалби за одлуката во наредните седум дена.