Connect with us

Ракомет

ЕХФ побара депозит од 50.000 евра, Металург одлучи да се повлече од Европа

Некогашниот македонски првак и ракометен тим кој имаше фантастични европски и регионални настапи, одлучи годинава да не биде дел од ракометната Европска лига. Имено, според информациите ЕХФ побарала депозит од 50.000 евра за учество на тимот во оваа лига, а Металург одлучил да се повлече од учеството.

Информациите од тимот на Автокоманда велат дека клубот поради барањето на ЕХФ реши да се посвети на домашното првенство, каде што ќе се обиде да избори подобри резултати од минатата сезона и повторно да доби место во Европа, а притоа финансиските средства ќе бидат искористени за средување на други проблеми.