Connect with us

Ракомет

Екс-вардарец е пред потпис со Флензбург

Фленсбург ќе ангажира поранешен ракометар на Вардар во обид да ја реши кризата. Се работи за Домен Сикошек Пелко кој во минатото го носеше дресот на Вардар.

Словенецот мина една година во Вардар во која беше далеку од посакуваното ниво и голем дел од средбите ги мина на клупата за резерви, по што беше меѓу првите кои го напуштија таборот на „црвено-црните“ во текот на летово. Тој се пресели во шпанскиот прволигаш Логроњо, но оттаму дале зелено светло за Сикошек експресно да си замине и да се пресели во Германија.

22-годишниот Словенец е висо 203 сантиметри и важи за перспективен играч на линијата од шест метри. Германскиот гигант сака да го има на располагање што поскоро со цел максимално да го подготви за првиот дел од сезона.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com