Connect with us

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: МРТ ќе врши директен пренос од пречекот на ракометарите на Вардар

Македонската радио телевизија вечерва преку директен пренос ќе ја пренесе атмосферата од пречекот на ракометарите на Вардар кои за три години по втор пат донесоа радост кај секој жител на нашата земја.

Од МРТ за SPORTM.mk ја потврдуваат информацијата за директниот пренос, кој ќе стартува вечерва со слетувањето на чартер летот на аеродромот „Скопје“.

Ракометарите на Вардар попладнево во 18.50 часот ќе слетаа во Скопје. Град Скопје за ракометарите обезбеди чартер лет за кој од буџетот ќе бидат одвоени 39.500 евра.

За дочекот на ракометарите ќе бидат ангажирани три двокатни автобуси на ЈСП Скопје, еден панорамски и два затворени, со кои ракометарите ќе се возат од аеродромот до плоштад.