Connect with us

Фудбал

Ексклузивно: Спортскиот новинар Бранко Илиевски е прв коментатор на македонски јазик на Спортклуб

Спортклуб воведе македонски коментатор за натпреварите на Македонија во Лигата на нации, дознава порталот АКО.мк, од свои извори.Прв натпревар со коментар на македонски јазик е неделниот меѓу Македонија и Ерменија од 18 часот на Спортклуб 1.

Еден од водечките специјализирани спортски канали, Спортклуб реши за прв пат да вклучи коментатор од Македонија за натпреварите во Лигата на нации, ново натпреварување на УЕФА преку кое Македонија се надева на пласман на ЕП 2020 год.

Спортклуб го избра Бранко Илиевски, долгогодишен спортски новинар и коментатор препознатлив со својот глас и коментирање на натпреварите од „Серија А“ во времето кога ТВ Телма емитуваше натревари од оваа лига.

Бранко Илиевски има долгогодишно искуство и важи главно за „фудбалски “ коментатор со над 2500 преноси.

Илиевски беше заштитен знак на ТВ Телма и калчо лигата и ќе биде прв коментатор од Македонија, чиј глас ке се слушне на престижниот Спортклуб, кој емитува сигнал на просторите на поранешна Југославија. Прв натпревар кој ке го коментира Илиевски е неделниот меѓу Македонија и Ерменија од 18 часот на Спортклуб 1.

Македонија како држава, засега не сака да ја регулира оваа сфера во медиумите и е единствена во регионот и Европа која дозволува законски странските спортски канали непречно да емитуваат програма на друг јазик. Апсурдно е тоа што и да сакаат регионалните спортски ТВ канали како Спортклуб или Аренаспорт да воведат комплетно македонски редакции, тоа не можат да го направат поради законските рестрикции.

Здружението на спортски новинари уште пред неколку месеци побара од Владата на РМ да ја регулира оваа сфера, но засега нема одговор, дознава АКО.мк.

Извор: АКО.мк