Connect with us

Фудбал

Неверојатната приказна за херојот кој го сруши ПСЖ: Прекарот го доби поради забите, до 30 години беше втора лига

Стрелец на единствениот гол во победата на Борусија Дортмунд против Пари Сен Жермен беше Никлас Фулкруг, а овој германски напаѓач зад себе имаше навистина интересно фудбалско патување.

Иако веќе има 32 години, дури сега излезе на големата сцена и го игра најдобриот фудбал во кариерата. До 30-годишна возраст главно беше второлигаш, а потоа неговите одлични настапи во Вердер Бремен му донесоа повик во германската репрезентација каде сега е прв напаѓач.

Никлас Фулкруг ја искористи одличната асистенција од  Шлотербек и му донесе минимално водство на Дортмунд во полуфиналето од Лигата на шампионите против ПСЖ синоќа. По реваншот, тој гол може да биде најважниот сезонава за популарните Милионери и сензационално да ги однесе во финалето на Лигата на шампионите, на што оваа сезона не се надеваа ниту најоптимистите навивачи на клубот.

Но, патот на Фулкруг беше навистина тежок. Кариерата ја започна во Вердер Бремен, а по одличната сезона во 2. Бундеслига го сврте вниманието на бројни европски екипи кон себе. Во Вердер остана уште една сезона, а потоа се пресели во Борусија каде исто така одлично му оди годинава.

Како второлигаш почна да добива повици во германската сениорска репрезентација каде на 15 натпревари постигна блескави 11 гола и со тоа го зацврсти своето место на претстојното Европско првенство.

Додека се бореше за пласман во повисок ранг, Фулкруг се соочи и со бројни тешкотии. Има една интересна приказна од еден тренинг на Вердер.

Имено, Фулкруг завршил во болница по несреќа на тренинг, а причината е судир со соиграч при што забот на соиграчот му се заглавил во челото.

Случајниот директен судир бил толку сериозен што и двајцата морале да одат во болница, а лекарите морале да отстранат заб од челото на Фулкруг.

„Беше многу опасно за мене поради заканата од инфекција предизвикана од бактерии“, се сеќава Фулкруг за инцидентот на официјалната веб-страница на Бундеслигата.

Интересен е и прекарот што го носи Фулкруг. Имено, тој е познат како „Lucke“, што на германски значи „празен“, а тоа го добил поради изгледот на предните заби.