Connect with us

Тајмаут

Ѕвезда на Ливерпул „ќари“ ќерка на холивудски актер, се појавија фотографии (ФОТО)

Ливерпул практично ја загуби шансата за  титулата во Премиер лигата по серијата лоши резултати. На теренот работите не изгледаат идеално, Јирген Клоп заминува на крајот од сезоната, Мохамед Салах се скара со него. Можеби тоа не функционира на теренот, но за некои луѓе одлично функционира надвор од теренот. На кого?

Трент Александар-Арнолд (25), дефанзивецот на Ливерпул наводно е во врска со Ајрис Лоу (23). Таа е ќерка на сега разведени родители, Џад Лоу и Сејди Фрост. Папарацо ги фати двајцата додека се шетаат низ Лондон. Не е потврдено дека се во врска, но има многу шпекулации, кои ги објави и „Дејли мејл“. Се појави и изјава од лице кое било во истиот парк.

“Изгледаа опуштено и среќно, се шетаа како двајца млади луѓе кои уживаат. Никогаш не би помислиле дека се богати и познати. Многу луѓе не ги ни забележале. Влегле во кафуле, пиеле смути и кафе и продолжи да оди“, рече таа.лице кое сакаше да остане анонимно.