Connect with us

Други спортови

Мадрид во солзи поради Надал: Легендарниот Рафа го одигра последниот меч во својата татковина

Чехот Јиржи Лехечка (АТП:31) го совлада Рафаел Надал со 2:0 во сетови (7:5, 6:4) во осминафиналето на тенискиот Мастерс во Мадрид, а на легендарниот Шпанец му беше приредена церемонија за збогување на крајот од натпреварот. Надал, кој се обидува да се врати во форма по долго отсуство од тениските терени поради повреда, последниот меч го одигра во Мадрид и Шпанија бидејќи крајот на кариерата изгледа се поизвесен.

Така Надал го заврши настапот на турнирот на кој пет пати ја освојуваше титулата, а за него беше организирана и мала церемонија за збогување, бидејќи од покривот на едната страна од трибините беа спуштени пет платна со годините на титулите на Рафа во Мадрид.